Smiling medical team
brosura_fp.png
Почитувани членови на Здружението ХМЛ Македонија,

Сакам да Ве известам дека во текот на Јуни 2021, отпечативме брошура "Препораки за лекување на луѓе кои живеат со ХМЛ". Брошурата е однесена на Клиниката за Хематологија во Скопје, и кога ке одите на контрола и по лекови можете да ја побарате од нашите доктори Проф.Стојановиќ, Проф.Каранфилски, или Др.Марица Павковиќ, како и во дневната амбуланта. Доколку се потрошени брошурите, слободно јавите ми се и јас ќе Ви ја дадам истата.

“Препораките за луѓе кои живеат со ХМЛ”, е резултат на огромната грижа на меѓународната заедница за заболените од Хронична Миелоична Леукемија и нашето Здружение одлучи да ја штампа во вид на брошура, а и да ја постави на Веб страната за да им биде достапна на сите кои имаат интерес да ја прочитаат.

Оваа публикација е наменета на заболените од ХМЛ и нивните доктори со цел на подобро разбирање на болеста и подобра координација.

Публикацијата ни ја обезбеди The European Leukemia Net, во соработка со CML Advocates Network, чии дел е и нашето Здружение –ХМЛ Македонија.

“Препораките за луге кои живеат со ХМЛ” се најново издание, ажурирано 2020 год. и претставуваат сублимат на сите досегашни научни достигнувања и нови лекови, вклучувајки ги и најновите препораки за прекинувањето на лекувањето на заболените од ХМЛ кои имаат добар одговор на лекувањето со TKI, односно се наоѓаат во длабока молекуларна ремисија подолг временски период.

Во ова прилика сакам да ја изразам својата благодарност на Проф.Оливер Каранфилски, долгогодишен подржувач на нашето Здружение, кој е редактор на текстот, публикацијата ја направил поразбирлива и достапна на заболените од ХМЛ.

Пепо Леви

Скопје, 25. Јули 2021.

По повод 22 Септември - Меѓународен ден на заболените од Хронична Миелоична Леукемија. Интервју во ТВ-Сител со претседателот на здружението.

22 Септември 2016 - Скопје